Фото: EPA / Instagram

Ѝ донираше бубрег, а потоа шест години не зборуваа: Другарката на Селена Гомез откри во какви односи се сега

На пејачката и актерка Селена Гомез пред шест години ѝ беше извршена трансплантација на бубрег поради лупус, а бубрегот ѝ го донираше нејзината тогашна најдобра пријателка, актерката Франсија Раиса. 

Тие две се запознале во 2007 година, кога биле тинејџерки, а во 2018 година Франсија одлучи да ѝ донира бубрег на Селена со што ѝ го спаси животот на пејачката.

Меѓутоа, после тоа излегоа гласини дека тие веќе не се во добри односи. Овие приказни дополнително се подгреаа кога Селена  изјави дека Тејлор Свифт ѝ е „единствена пријателка“, а потоа во нејзиниот документарен филм „Мојот ум и јас“ во кој раскажува за животните настани кои ѝ се случиле во последните шест години, таа воопшто не ја спомнува Франсија.

На социјалните мрежи луѓето масовно го коментираа овој момент. Се чинеше дека Франсија е навредена, бидејќи оваа постапка на нејзината пријателка ја коментираше во објава која подоцна ја избриша. Селена потоа на ТикТок објави видео и рече: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам“.

Сега, Франсија во новото интервју за „УСА Тудеј“ откри во какви односи се со пејачката. Таа објасни дека по шест години дистанца, тие две повторно се блиски и дека Селена јавно ѝ го честитала роденденот.

„Ништо не се случи, и ако прашате некој од нас, не знаеме што се случило. Но, требаше да се разделиме. Потоа, кога ќе се вратите заедно, ќе бидете подобри луѓе. Сè уште се запознаваме“, истакна актерката.

ФОТО+ВИДЕО | Селена Гомез: Можеби нема да можам да останам бремена

„Поддржуваш терористи“: Селена Гомез најави помош за Палестинците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот