Мекгрегор ги шокира фановите: Заминувам во пензија

EPA-EFE/NEIL HALL

Конор Мекгрегор ги шокираше своите фанови објавувајќи дека се повлекува од боречкиот свет. Најпопуларниот борец во УФЦ, одлуката ја објави на својот твитер-профил.

„Здраво момци, денеска одлучив да се повлечам од спортот кој е познат како „мешани боречки вештини“. На сите мои поранешни колеги им посакувам успех во натпреварувањето. Сега ќе им се приклучам на моите поранешни партнери кои се веќе во пензија. Прават пинаколада на моја сметка“, напиша Мекгрегор.

Ирецот последниот меч го имаше против Русинот Хабиб Нурмагомедов во октомври минатата година кога мораше да „тапка“ и да се предаде во четвртата рунда. Борбата имаше и второ полувреме кога Нурмагомедов го нападна спаринг-партнерот на Мекгрегор, Дилон Данис, кој беше во публиката.

Медиумите во САД се сомневаат дека ова е конечна одлука на ирскиот борец, тие потсетуваат дека Мекгрегор на сличен начин објави дека се повлекува од ММА и во 2016 година, еден месец по поразот од Нејт Диаз. Тој набрзо потоа се премисли, па дури истата година го имаше својот камбек во рингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот