Доминација на Маркез во Аргентина, Роси конечно на подиум

EPA-EFE/NICOLAS JIMENEZ

Бранителот на титулата во Мото ГП класата на невообичаен начин дојде до победата на патеката „Ternas de Rio Ondo“, водејќи од самиот старт па се до крајот. Ова беше негова 71. победа во кариерата, а за доминантната победа доволно зборува предноста од 10 секунди пред второпласираниот Валентино Роси.

Маркез се погрижи да нема никаква борба за триумф во Аргентина но затоа возбудувања имаше помеѓу возачите зад него. Валентино Роси во последниот круг успеа да го помине возачот на Дукати, Андреа Довициозо и да го освои второто место, додека Италијанецот заврши како трет.

Роси со освојувањето на второто место конечно успеа да се искачи на победничкиот подиум по пауза од девет месеци, поточно од трката на Заксеринг која се одржи во јули минатата година.

Во Мото 2 класата, Лоренцо Балдасари дојде и до втората победа сезонава. Втор беше Реми Гаргнер додека на третото место се најде Алекс Маркес.

Во најслабата Мото 3 класа, за прв пат трумфира Хауме Масија кој за една десетинка беше побрз од Дерин Биндер, а последното место на подиумот го зазема Тони Арболино.
Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози на 14 април во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот