Град Скопје апелира општина Сарај да постапи согласно законот за дивите платформи на Матка

Град Скопје денеска ја повика општина Сарај да постапи согласно законските надлежности во однос на дивите платформи на Матка.

– Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој посочи дека изминатава година Градот заедно со УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање изработиле законски модели со кои ќе се заштити Матка во еколошка и економска смисла.

– Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај, истакна Салиху.

Претходно денеска градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети изјави дека општината нема да ги легализира дивите платформи на Матка, но оти не може ниту да ги урне бидејќи имаат барање за легализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот