Сане е иднината на германскиот фудбал

EPA-EFE/DAVID HECKER

Лерој Сане ќе биде новиот предводник на германската репрезентација откако ќе биде извршена смената на генерациите. Селекторот Јоаким Лев им се заблагодари на ветераните Матс Хумелс, Жером Боатенг и Томас Милер повикувајќи на нивно место млади фудбалери и во новиот изглед на германската репрезентација најдобри игри прикажува Лерој Сане.

Сане во дерби дуелот од квалификациите за ЕП 2020 против Холандија беше најдобар играч на натпреварот притоа постигнувајќи го првиот гол во 15 минута.

– Сане покажа континуитет кој одговара на неговиот талент. Добро го познавам Пеп Гвардиола и тој постојано го предизвикува Сане да биде подобар. Се радувам поради него и поради германскиот фудбал кој има светла иднина со Сане како лидер на новиот бран. Тој е иднината на Германија – вели Матијас Замер кој е поранешен репрезентативец и моментно е советник на директорот на Борусија Дортмунд.

Цената на Лерој Сане на трансфер пазарот е проценета на 100 милиони евра и досега може да се пофали со титула во англиската Премиер лига, Супер куп и два трофеи во ФА купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот