Ѕвездата од Дизниленд ја напушти клиниката за одвикнување од наркотици (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Американската актерка и поранешна ѕвезда од Дизниленд, Аманда Бајнс (33) ја напушти клиниката за одвикнување и бара нов стан во Лос Анџелес – пишува „The Blast“.

Аманда се откажала од факултетот и нејзините родители биле загрижени дали повторно ќе се врати на стариот порок, дрогата, па се обратиле на судот за да ја спаси нивната ќерка. Актерката веќе не личи на себе, за неа и нејзиното здравје се загрижени и нејзините обожаватели.

Фото: Профимедиа

Извор близок на актерката за „The Blast“ изјавил дека Аманда си заминала од клиниката пред седум дена и дека не е познато каде живее сега. Актерката редовно се тестира за да се утврди дека не користи наркотици.

Американските медиуми пишуваат дека Аманда се преселила кај родителите Лин и Рики Бајнс, додека повторно не застане на нозе.

Актерката на крајот од минатата година излезе од клиниката за одвикнување, а после тоа планирала враќање во Холивуд. Меѓутоа, дошла до заклучок дека најдобро е повторно да се врати на лекување.с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот