Зошто српските јајца се непожелни во Европската унија?

Цени на пазарот, табла јајца/ФОТО: Слободен печат

Пилешки јајца од Србија сѐ уште се забранети да се извезуваат во земјите од Европската унија бидејќи правилникот за одгледување кокошки не одговара на европските стандарди, а Министерството за земјоделство нема прецизни информации кога би можел да се реши овој проблем.

Освен забрана за извоз на јајца од Србија, има и забрана за транспорт низ земјите на ЕУ, а решението на овој проблем бара производителот да ја смени комплетната опрема за одгледување кока.

Имено, стандардот на Европската унија е дека кокошката во кокошарник мора да има простор од 750 сантиметри, а во Србија стандардот е 550 сантиметри и тоа е причината што извозот на јајца во земјите од Европската Унија е забрането. Извршниот директор на компанијата „Ребра комерц“, Раде Шќепановиќ, наведува дека регулативата на ЕУ налага, покрај одредена површина, и шипки за одмор, за да не е кокошката постојано на жицата, затемнет простор со пластична подлога, каде што може да снесе јајце, како и прописи за воздух и вентилација.

На производителите им е даден рок до крајот на оваа година да ги применат минималните стандарди на ЕУ“, вели Шќепановиќ и посочува дека некои компании имаат и многу модерни фарми во кои се одгледуваат кокошки несилки, анализира Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот