ЗНМ: Осуда за заканите и навредите врз новинарката Мирослава Бурнс

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува заканите и навредите врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс од страна на Ласте Ивановски, вработен во Царинската управа.

Во текот на вчерашниот ден Ивановски преку социјалната мрежа Фејсбук упатил недолични навреди и закани кон новинарката Бурнс. Овој непримерен начин на комуникација и малтретирање е неприфатлив и претставува директна закана кон слободата на говорот, наведуваат во соопштение од ЗНМ.

-Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да ги преземе сите мерки за расчистување на овој случај. Истовремено, земајќи во предвид дека заканите се изречени од лице кое е државен службеник ги повикуваме неговите надредени од Царинската управа да преземат соодветни санкции против нивниот вработен со цел вакви случаи да не се повторуваат во иднина- наведуваат во соопштението од ЗНМ.

ЗНМ потсетува дека онлајн заканите и малтретирањето се во подем во предизборниот период и уште еднаш апелира до партиите и граѓаните да се воздржат од закани кон новинарите бидејќи тоа претставува кривично дело за кое се предвидени ригорозни казни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот