ЗНМ: Го осудуваме односот на вработените во Уставниот суд кон новинарите

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Здружението на новинарите на Македонија го осудува однесувањето на вработените во Уставниот суд, кои според нив на „недозволив и неевропски начин“ ги третирале  новинарските екипи кои сакаа да ја проследат денешната средба меѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

И покрај тоа што медиумите уредно биле поканети за да ја проследат средбата, на новинарските екипи им било дозволено само да снимат неколку инсерти, а потоа биле избркани од зградата на Судот, стои во соопштението на ЗНМ.

Иако во просториите на Уставниот суд има просторија која е предвидена за новинари, вработените во Судот на дрзок начин ги испратиле новинарите надвор од зградата и ги известиле дека изјави за средбата ќе можат да се земат само надвор од зградата.

Овој инцидент е дополнително недозволив кога се знае дека токму Уставниот суд е оној кој треба да биде главен заштитник на слободата на говорот. Го повикуваме Судот во иднина да обезбеди достојни услови за работа на новинарите и да не поставува негативен пример во општеството за односот институција – новинари, се додава во соопштението на Здружението на новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот