Уставен избрка новинари од зградата: Не дозволиле никакво присуство на медиуми

Во моментов во Уставниот суд во Скопје се одвива средба помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и Самуел Жбогар, амбасадорот на Европската Унија, а службите од судот не им дозволиле на новинарите никакво присуство во зградата, пренесува Телма. 

И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, било истакнато дека изјавите можат да земаат само надвор од објектот.

Инаку, нема информации за каква средба станува збор и зошто евроамбасадорот Жбогар е во судот во моментов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот