Златен глобус 2024: „Опенхајмер“, „Кутри нешта“ и „Наследници“ триумфираа на годинашните филмски награди

Фото: EPA

Сезоната на филмски награди за 2024 година официјално започна. Осумдесет и првото по ред доделување на Златните глобуси синоќа се одржа во Беверли Хилтон во Лос Анџелес.

Филипинско-американскиот комичар Џо Кој само месец дена пред церемонијата го прифати предизвикот да биде домаќин на Златните глобуси, па имаше малку време за подготовка.

По неговиот вовед, започна доделувањето на наградите, кои се своевидно признание за квалитетот на професионалците од филмската индустрија.

Кристофер Нолан и Ема Томас / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

На годинашното доделување на Златните глобуси триумфираа историската драма „Опенхајмер“ за научникот Роберт Опенхајмер на британскиот режисер Кристофер Нолан и готската комедија за починатата жена која научниците ја оживуваат „Кутри нешта“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос.

Филмот „Опенхајмер“ е прогласен за најдобар драмски игран филм, а „Кутри нешта“ за најдобра комедија или мјузикл.

Килијан Марфи / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Ѕвездата на „Опенхајмер“ Килијан Марфи ја доби наградата за најдобар актер за неговиот портрет на Роберт Опенхајмер, додека Ема Стоун ја освои наградата за најдобра актерка во филмска комедија или мјузикл.

Златен глобус за најдобра актерка во драма го освои Лили Гладстон за улогата во филмот „Убијци на Цветната Месечина“, додека најдобар актер во комедија беше прогласен Пол Џамати за улогата во филмот „Оние кои остануваат“ („The Holdovers“).

Лили Гладстон / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер за режија на „Опенхајмер“, а Роберт Дауни Џуниор, кој во филмот го играше непријателот на Опенхајмер, ја доби наградата за најдобра споредна машка улога.

Ема Стоун / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Да’Вајн Џој Рендолф го освои глобусот за најдобра споредна женска улога во „Оние кои остануваат“ („The Holdovers“).

За најдобар странски филм е прогласена француската драма „Анатомија на падот“, која ја доби и наградата за најдобро сценарио. Наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Момчето и чапјата“.

Метју Мекфајден, Сара Снук и Киеран Калкин / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Што се однесува до телевизиските остварувања, серијата „Наследници“ е прогласена за најдобра драмска серија, а серијата за проблемите што ги мачат сопствениците на успешен ресторан „Мечката“ за најдобра комедија.

Џереми Ален Вајт / фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Филмот „Барби“ ја освои наградата за филмски и достигнувања на благајните – новододадена категорија оваа година која имаше за цел да го зголеми признанието на комерцијално успешните филмови. Додека песната „What Was I Made For?“ ја освои наградата за најдобра оригинална песна, со што Били Ајлиш и Финес го освоија својот втор Златен глобус во кариерата.

Во продолжение, прочитајте ги годинашните победници во главните категории.

Филмски категории

„Најдобар филм од жанрот драма“

  • „Опенхајмер“ – победник
  • „Анатомија на пад“
  • „Убијци на Цветната Месечина“
  • „Маестро“
  • „Минати животи“
  • „Зона на интерес“

„Најдобар филм од жанрот комедија или мјузикл“

  • „Кутри нешта“ – победник
  • „Воздух“
  • „Американска фикција“
  • „Барби“
  • „Оние кои остануваат“ („The Holdovers“)
  • „Мај Демекври“

„Најдобар филм од неанглиско јазично подрачје“

  • „Анатомија на падот“ – победник
  • „Паднати лисја“
  • „Капетанот“
  • „Минати животи“
  • „Друштво на снегот“
  • „Зона на интерес“

„Најдобар анимиран филм“

  • „Момчето и чапјата“ – победник
  • „Елементал“
  • „Спајдермен: Патување низ Спајдер-свет“
  • „Браќата Супер Марио“
  • „Сузуме“
  • „Желба“

„Најдобар режисер“

  • Кристофер Нолан „Опенхајмер“ – победник
  • Бредли Купер „Маестро“
  • Грета Гервиг „Барби“
  • Јоргос Лантимос „Кутрите нешта“
  • Мартин Скорсезе „Убијци на Цветната Месечина“
  • Селин Сонг „Минати животи“

„Најдобро сценарио“

  • Џастин Триет, Артур Харари „Анатомија на падот“ – победник
  • Грета Гервиг, Ноа Баумбах „Барби“
  • Тони Мекнамара „Кутрите нешта“
  • Кристофер Нолан „Опенхајмер“
  • Ерик Рот, Мартин Скорсезе „Убијци на Цветната Месечина“
  • Селин Сонг „Минати животи“

„Најдобар актер во филм од жанрот драма“

  • Килијан Марфи „Опенхајмер“ – победник
  • Бредли Купер „Маестро“
  • Леонардо Дикаприо “Убијци на цветната месечина“
  • Колман Доминго „Рустин“
  • Бери Кеоган „Солтбeрн“
  • Ендрју Скот „Сите ние странци“

„Најдобра актерка во филм од жанрот драма“

  • Лили Гладстон „Убијци на цветната месечина“ – победник
  • Анет Бенинг „Нјад“
  • Сандра Хулер „Анатомија на падот“
  • Грета Ли „Минати животи“
  • Кери Малиган „Маестро“
  • Кејли Спени „Присила“

„Најдобар актер во филм од жанрот комедија или мјузикл“

  • Пол Џамати „Оние кои остануваат“ (The Holdovers) – победник
  • Николас Кејџ „Сценарио за соништата“
  • Тимоти Шаламе „Вонка“
  • Мет Дејмон „Воздух“
  • Хоакин Феникс „Бо се плаши“
  • Џефри Рајт „Американска фикција“

„Најдобра актерка во филм од жанрот комедија или мјузикл“

  • Ема Стоун „Кутрите нешта“ – победник
  • Фантасија Барино „Виолетова боја“
  • Џенифер Лоренс „Без тешки чувства“
  • Натали Портман „Мај Декември“
  • Алма Појсти „Паднати лисја“
  • Марго Роби „Барби“

Телевизиски категории

„Најдобра телевизиска серија од жанрот драма“

  • „Наследници“ – победник
  • „1923“
  • „Круната“
  • „Дипломатот“
  • „Последниот од нас“
  • „Утринската емисија“

„Најдобра телевизиска серија од жанрот комедија“

  • „Мечката“ – победник
  • „Целата светлина што не можеме да ја видиме“
  • „Кавга“ (Beef)
  • „Дејзи Џонс и шестoрицата“
  • „Фарго“
  • „Сопатници“
  • „Лекции по хемија“

„Најдобар актер во телевизиска серија од жанрот драма“

  • Киеран Калкин „Наследници“ – победник
  • Брајан Кокс „Наследници“
  • Гери Олдман „Бавни коњи“
  • Педро Паскал „Последниот од нас“
  • Џереми Стронг „Наследници“
  • Доминик Вест „Круната“

„Најдобра актерка во телевизиска серија од жанрот драма“

  • Сара Снук „Наследници“ – победник
  • Хелен Мирен „1923“
  • Бела Ремзи „Последниот од нас“
  • Кери Расел „Дипломатот“
  • Имелда Стаунтон „Круната“
  • Ема Стоун „Клетвата“

„Најдобар актер во телевизиска серија од жанрот комедија“

  • Џереми Ален Вајт „Мечката“ – победник
  • Бил Хејдер „Бери“
  • Стив Мартин „Само убиства во зградата“
  • Мартин Шорт „Само убиства во зградата“
  • Џејсон Сегел „Намалување“
  • Џејсон Судејкис „Тед Ласо“

„Најдобра актерка во телевизиска серија од жанрот комедија“

  • Ајо Едебири „Мечката“ – победник
  • Рејчел Броснахан „Чудесната г-ѓа Мејзел“
  • Квинта Брансон „Основното Абот“
  • Ел Фенинг „Велика“
  • Селена Гомез „Само убиства во зградата“
  • Наташа Лион „Покерфејс“

Победниците во останатите категории прочитајте ги тука.

Имаше одредени промени за Златните глобус во текот на изминатите 12 месеци, бидејќи се промени сопственоста и статусот, станувајќи профитна организација во сопственост на матичната „ПМЦ“, заедно со продуцентската компанија „Дик Кларк Продукција“ во заедничко вложување со компанијата „Елдриџ“. Гласачкото тело се прошири на 300 членови кои претставуваат 76 земји, а „Си-би-ес“ ја емитуваа церемонијата за првпат од 1982 година.

Златен глобус 2024: Филмовите „Барби“ и „Опнехајмер“ со убедливо најмногу номинации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот