Жрепка за УС Опен: Новак Ѓоковиќ во првото коло против Французинот Милер

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на последниот грен слем годинава „УС Опен“ ќе игра против 85 тенисер во светот, Александр Милер од Франција.

Доколку триумфира вториот светски рекет, во следната фаза ќе игра со подобриот од мечот Бернабе Запата Мираљес – Итан Квин.

Моментно најдобриот тенисер на светот Карлос Алкараз се наоѓа во втората половина од жрепката. Потенцијален дуел меѓу Алкараз и Ѓоковиќ е можен само во финалето.

Во третото коло Ѓоковиќ би можел да се сретне против својот сонародник Ласло Ѓере кој на стартот ќе игра против Американецот Брендон Накашима.

Најтешкиот ривал во делот од жрепката каде Ѓоковиќ е прв фаворит според рангирањето е Холгер Руне, а тука се и минатогодишниот финалист Каспер Руд, Стефанос Циципас, со кој Ѓоковиќ би можел да се сретне во четвртфиналето, Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.

Од друга страна, првиот светски тенисер Алкараз го отвора својот пат на „УС Опен“ против Доминик Кепфер од Германија, а веќе во третото коло би можел да има сериозен предизвик, 26. носител Даниел Еванс.

Кога зборуваме за другите фаворити, Андреј Рубљов во првото коло ќе игра против Емил Рустувори, ривал на Данило Медведев ќе биде Атила Балаж, а Александар Зверев ќе игра против Александар Вукиќ. Четвртиот грен слем оваа сезона ќе стартува в понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот