Живеел и летал пред 168 милиони години: Откриени остатоци од летечки рептил на шкотскиот остров Скај

Фото: Принтскрин / Твитер

На шкотскиот остров Скај откриени се фосилни остатоци од уникатен вид летечки рептил со латинско име птеросаурус, кој живеел пред 168-166 милиони години.

Крилјата, рамената, нозете и ‘рбетот на летечкиот рептил се пронајдени во камен на плажа, но за жал не и черепот на фосилот, пишува Би-би-си.

Научниците беа изненадени кога открија остатоци од овој уникатен вид на рептил, наречен птеросаурус, на западниот брег на Шкотска, бидејќи претходно се сметаше дека овој вид претежно живеел во пределите што се денешна Кина.

Суштеството наречено „Кеоптера“ (Ceoptera), е вториот птеросаурус пронајден на островот Скај, а го добило своето име од зборот „ceo“, што значи магла на шкотско-галски дијалект.

„Фосилите од периодот на средниот јура се исклучително ретки. Да се ​​најде нешто од тој временски период што е повеќе од една коска е навистина возбудливо“, вели д-р Лиз Мартин-Силверстон од Универзитетот во Бристол.

Научниците веруваат дека птеросаурусот веројатно имал распон на крилјата од 1-1,5 метри.

Професорот Стив Брусат, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека фосилот е уникат за Шкотска. Истражувањето докажува дека постоел еден вид птеросаурус помеѓу примитивната и напредната фаза на еволуцијата..

„Ова е време пред птиците, кога птеросаурусите владееле со небото. Ова истражување покажува дека птеросаурусите биле вообичаени животни во Шкотска, кои се вивнувале над главите на диносаурусите“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот