Жителите на Гази Баба 24 часа можат да пријавуваат депонирање и палење отпад

Граѓаните кои живеат во општина Гази Баба  можат да пријавуваат во општината доколку некој фрла и пали отпад на јавна површина или било какво друго прекршување на законот што е во надлежност на локалната власт. За таа намена во функција е ставен телефонскиот број 075 346 932 на кој граѓаните имаат можност да се јавуваат и пријавуваат во секое време од денот и ноќта.

Пријавата граѓаните можат да ја направат со смс порака, порака на вибер или со телефонско јавување. Инспекторите ќе бидат должни да реагираат веднаш, а до мене како градоначалник секој петок ќе доставуваат извештај за примени пријави и за постапувањето по примените пријави. Со отворањето на оваа линија услугите на општината од областа на инспекторатот ги доближуваме до граѓаните – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Според него секое барање, реакција или забелешка дадена од граѓаните се разгледува и се постапува за нивно решавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот