Жител на Зрновци заработи кривична пријава за споделување објава со повик на насилство и смртни закани

Македонска полиција/ Фото: Миа

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, на 08.01.2021 полициски службеници од ОВР Кочани на службен разговор го повикале Д.Ѓ.(26) од с.Зрновци, кочанско.

Тој на 07.01.2020 на својот „Фејсбук” профил, споделил објава со повик за насилство и смртни закани.

Одземен е мобилниот телефон од Д.Ѓ. и известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот