Жител на липковско село физички нападнал полициски службеник

Полиција / Фото: МВР

Кумановската полиција вчера уапсила 66 годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи,  информираа денеска од СВР Куманово.

-Вчера околу 18:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(66) од село Брест, општина Липково со живеалиште во Норвешка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, наведува во соопштение СВР Куманово.

А.И. бил приведен во СВР Куманово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот