Женското одбојкарско дерби за Србија, европскиот и светски шампион ќе игра во полуфинале

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Женската одбојкарска репрезентација на Србија се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио откако во четвртфиналето ја декласира Италија со 3:0 во сетови и тоа со 25:21,25:14,25:21.
Ова беше дуел на светскиот шампион и светскиот вицешампион како и дуел на двете најдобри одбојкарки на светот, Паула Егону и Тијана Бошковиќ, а победа повторно издвојуваа српските одбојкарки.

Првиот сет помина во израмнета игра во кој беше присутна резултатска нишалка со менување во водство на двете репрезентации. Во финишот, Србија успеа да дојде до водство од 24:20 по што беше јасно дека ќе го освои првиот сет.

Во вториот сет, доминираа српските одбојкарки, успеаја да ја запрат Егону, дојдоа до предност од 17:9 и до крајот успешно ја зачуваа предноста за водство од 2:0 во сетови.
Во третиот сет Италијанките се обидоа да се вратат во игра, имаа предност од 6:10, но Србија успеа прво да израмни на 13:13, а потоа и да поведе со 19:15, а предноста да ја сочува до крајот на сетот, што воедно значеше и конечен триумф со 3:0 во сетови и пласман во полуфиналето.

Противник на Србија во полуфиналето ќе биде селекцијата на САД која со 3:0 (25:11,25:20,25:19) ја победи Доминиканска Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот