Жељко и Јована Јоксимовиќ заразени со коронавирус: 2022 не им почна славно

Фото: Инстаграм

Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јелена се позитивни на коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.

Според изворот, парот е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат.

2022 година не започна така одлично за оваа двојка. И двајцата се позитивни на коронавирусот, на самиот почеток на оваа година биле принудени да бидат дома, за да се опорават од нималку безопасната дијагноза, пишува „Стори“.

Нивната состојба од ден на ден се подобрува, а наскоро ќе се вратат на секојдневните обврски и работа.

Потсетуваме, Жељко пред неколку дена го откажа дочекот на Стара-нова година, или како што во Србија се нарекува „Српска Нова година“ кој беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава.

– Наша желба беше на граѓаните на Белград и на гостите на градот да им подариме новогодишна ноќ која ќе ја паметат, но со оглед на епидемиолошката состојба решивме да го одложиме овој концерт. Здравјето и безбедноста на посетителите ни се на прво место, па бесплатниот концерт на Жељко Јоксимовиќ ќе се одржи кога тоа ќе го дозволи здравствената ситуација“, изјавила Зорана Бурлиќ, директорка на Белгрејд Вотерфронт.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот