Зголемен број патролите на КФОР на Косово, 

На северот на Косово, како и на целото Косово, бројот на рутински патроли на КФОР е зголемен,

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата низ Косово и останува фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат, што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, за да се обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово. „КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и северно Косово“, се вели во соопштението на КФОР за КоССев.

Претходно, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не бил информиран дека КФОР ќе интервенира на северниот дел на Косово.

Во меѓувреме , четворица градоначалници од северно Косово се состанаа со командантот на КФОР генерал мајор Франко Федеричи, кој побара неговите војници да останат неутрални и да дејствуваат во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот