Зеленски за само една недела избегнал три атентати! Платеници се инфилтрирани во Украина да го ликвидираат

Зеленски Украина Русија
Владимир Зеленски / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Според најновите извештаи на украинските безбедносни служби, атентаторите се обиделе да го убијат украинскиот претседател Владимир Зеленски најмалку три пати откако минатата недела Русија изврши инвазија врз Украина. Последниот обид за атентат бил спречен кога непознати извори и дале информации на Украина за две одделни платенички групи кои планирале да извршат напади, пишува лондонски Тајмс. 

„Можам да кажам дека добивме информации од руската Федерална служба за безбедност, која не сака да учествува во оваа војна“, изјави украинскиот секретар за национална безбедност и одбрана за локалните ТВ станици, пренесува Тајмс. Групата Вагнер поддржана од Кремљ стои зад двата обиди, објави Тајмс. Доколку успеат, Москва би можела да негира директна вмешаност во убиството.

„Платениците од Вагнер групата влегоа во претолнината Киев со многу висока мисија. Ликвидација на шефот на државата е огромна мисија. Ова би била можеби нивната најголема мисија досега. Тоа би имало големо влијание врз исходот на војната“, изјавил дипломатски извор за весникот.

Сè уште има повеќе од 400 членови на групата Вагнер кои моментов се скриени на одредени локации, откако нејзините членови се инфилтрирале во Украина.

Тие имаат „листа за отстрел “ составена од имиња на 24 функционери чија смрт би предизвикала хаос во украинската влада, велат извори за Тајмс.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски
Украинскиот претседател Владимир Зеленски / EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS

44-годишниот Зеленски во саботата избегна и обид за атентат на периферијата на Киев, кога група чеченски атентатори беше спречена пред да успеат да стигнат до претседателот. На почетокот на конфликтот минатата недела, САД понудија да го евакуираат Зеленски од Киев додека траеше опсадата, но тој одби. „Борбата е тука. Ми треба муниција, а не возење“, изјави Зеленски за Асошиејтед прес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот