Зеленски смета дека најверојатно ќе има средба со Путин

Зеленски и Путин / Фото: Архива

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека најверојатно ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин на која ќе се разговара за конфликтот во источна Украина, додавајќи дека двете страни се „пред финалето” за нов договор за прекин на огнот.

-Ми се чини дека се оди кон тоа дека оваа средба ќе се одржи, рече Зеленски на настанот по повод 35-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, пренесуваат британските медиуми.

Зеленски додаде дека не сака конфликтната област во Донбас да се претвори во друга „забранета зона”, како што е контаминирано земјиште околу нуклеарна централа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот