Зеќири: Пратениците се боксерска вреќа, сите се истураат врз нас, мислат ние сме ги барале тие лаптопи

Во врска со набавените лаптопи за собраниските служби, Зеќири вели дека се донација и не се за лична потреба за пратениците.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири на ТВ 24 истакна дека пратениците веќе имаат службени компјутери во канцеларија и таблети кои ги задолжуваат кога им почнува мандатот и ги враќаат кога истиот ќе заврши.

Набавените лаптопи за собраниските служби, Зеќири вели дека се донација и не се за лична потреба за пратениците.

-Пратениците ниту биле во тек ниту знаеле што се случува. Тие се боксерска вреќа и сите се истураат врз нас мислат дека ние сме ги сакале и сме ги побарале тие лаптопи- рече Зеќири.

Зеќири во гостувањето вели дека ситуацијата е крајно сериозна, тактизирањето во врска со донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на опозицијата е несфатливо и за нас и за граѓаните.

Тој нагласи дека Законот не се носи за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ, туку, како што рече, за превенција од заразата.

-Не е време за политички хирови, ниту за профитирање преку ситни политички поени, крајно време е да се донесе законот. Во меѓувреме има нови препораки за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на бројот на домашни гости, амандманите се изготвени од СДСМ да бидат составен дел на законот – рече Зеќири.

Со амин од Џафери набавени 100 лаптопи за Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот