Здружението „Тиииит!Инк“ објави повик за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к)и

Во 2018 година во Хрватска е развиена иновативна игра со карти „Фирс вомен“ (Fierce Women) која ги запознава нејзините играчи со достигнувањата на жените во сферите на културата, политиката, науката, феминизмот, човековите права и уметноста. Станува збор за забавен, едукативен и општествено ангажиран производ кој ја нуди можноста да го отвори прашањето за родовата еднаквост во општествените кругови.

Проектот „Жени за жени“, кој Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ го имплементира заедно со партнерите Простор родне и медијске културе „К-зона“ од Хрватска, „Место женск“ од Словенија и „Аутлендиш театер платформ“ од Ирска, има за цел да даде видливост на значајните и инспиративни жени кои нашето општество го менувале на подобро.

Во рамките на овој проект, во план е изработка на дополнителен шпил со 30 нови значајни, или како што ги нарекуваат „страшни“ жени од Хрватска, Словенија, Ирска и Северна Македонија. Вкупно седум жени од ова поднебје се наоѓаат во селекцијата и тоа: Роса Плавева, Накие Бајрам, Лилјана Дирјан, Вера Весковиќ Вангели, Искра Грабул, Мимоза Несторова Томиќ и Рајна Алексова.

За таа цел објавен е повик отворен за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к) од цела Европа. Апликант(к)ите на јавниот повик треба да изберат од една до три од листата на триесетте избрани жени, од кои не се бара завршена илустрација, туку доволно е само скица. Рокот за пријава е до 24 јуни 2020. Повеќе информации за правилата и можностите кој ги нуди повикот, може да се најдат на веб-страницата на „Тиииит! Инк.“ (tiiiitinc.com). Проектот „Жени за жени“ и „Фирс вомен“ се поддржани од програмата Креативна Европа на Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот