Здрави протеински појадоци со јајца од рерна

Јајцата се идеална намирница за појадок. Испробајте ги на различни начини, а ние ви предлагаме 3 рецепти за совршени печени јајца.

Печена кајгана

Изматете ги јајцата вообичаено, додадете малку млеко, сол и бибер. По желба, може да додадете и исечкани печурки, сечкана салама, зеленук и домати по желба. Додадете малку путер. Претурете ги во претходно намачкан сад за печење и ставете ги во рерна да се печат на 180 степени. По 15на минути убаво измешајте ги јајцата и вратете ги назад во рерна. Оставете ги да се печат уште десетина минути, па повторно измешајте ги и послужете ги топли.

Јајца-мафини

Загрејте ја рерната на 180 степени. Додадете лажица вода во секој калао за мафин. Во секој калап потоа искршете по едно јајце, внимавајќи жолчката да остане цела. Наросете рендан кашкавал. Печете 12 минути додека жолчките станат ровити.

Печен крем од јајца

Изматете 6 јајца во миксер со две лажици павлака. Додадете рендано сирење или кашкавал и исечкан зеленчук по желба. Посолете и наросете црн пипер. Претурете ја смесата во сад за печење претходно убаво премачкан со путер. Печете 12на минути на 180 степени. Во меѓувреме, испечете на тостер неколку парчиња леб. Со готовиот печен крем од јајца премачкајте ги лепчињата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот