Зборовите на Милановиќ „опасно“ потсетија на Песков

Фото Колаж на СП

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера во Задар изјави дека во Украина се води војна меѓу Америка и Русија.

„Има војна меѓу Америка и Русија. Помеѓу Русија и Украина, јас сум на страната на Украина, се разбира. Но, тоа е војна меѓу Америка и Русија“, рече хрватскиот претседател во изјава за новинарите во Задар, каде тој беше по повод Денот на градот Задар.

Тој уште еднаш нагласи дека „војната во Украина ја водат Американците и Русите“.

„Мораме да констатираме дека Американците водат војна против Русија преку украинските младинци, тоа мора да го кажеме“ заклучи тој.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, два дена претходно го изјави практично истото, оцени хрватскиот медиум „Индекс“.

Одговарајќи на прашање за можни паралели меѓу сегашната ситуација и кубанската криза од 1962 година, Песков рече дека „кризите се различни, иако и во двата случаи станува збор за конфликт меѓу Русија и колективниот Запад под водство на САД“.

Песков ја даде изјавата по повод средбата на рускиот претседател Владимир Путин и кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел кои во Москва открија споменик на кубанскиот револуционер и лидер Фидел Кастро. Тие ветија продлабочување на пријателството и односите меѓу двете земји, кои и двете се под американски санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот