ЗАПОЧНА ОКТОБЕРФЕСТ: Минхен по 168. пат го отвори фестивалот на пивото! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

По 168. пат во Минхен денеска започнуа популарниот Октоберфест, светски познатиот фестивал за љубителите на пивото.

Како што налага традицијата, градоначалникот на Минхен првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.

Голем број жени во шарени фустани и мажи во традиционални баварски кожени панталони чекаа пред капијата за да влезат на фестивалот на пивото.

Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.

И оваа година цената на пивото е зголемена,  па така кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во однос на минататагодина, пренесуваат локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот