Започна изборниот процес во Албанија (ФОТО+ВИДЕО)

фото: Балканвеб

Во Албанија денеска се одржуваат локалните избори со учество само на албанското мнозинство.

Процесот на гласање официјално започна утринава во 07:00 часот, а ќе трае до 19:00 часот, јавува БалканВеб.

Албанските граѓани ќе гласаат за избор на 61 градоначалник.

Локалните избори ги следат 150 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, како и мисиите на странските амбасади во Албанија.

фото: Топ чанел

За гарантирање на мирен изборен процес, Државната полиција ангажираше 7.779 полицајци.

Тоа што го карактеризираше почетокот на процесот на локалните избори се протестите на група поддржувачи на опозицијата пред неколку училишта во Тирана, кои брзо беа прекинати. Додека пак во Скадар, каде што градоначалникот е од редовите на опозицијата дел од училиштата каде што требаше да бидат сместени гласачките места се заклучени. Така што изборниот процес во Скадар не е започнат во сите избирачки места.

фото: Топ чанел

Опозицијата не е дел од денешните избори. Претседателот Илир Мета, го откажа овој датум како ден на изборите и издаде нов декрет за избори кои ќе се одржат на 13. октомври.

Право на глас имаат 3.536.015 албански државјани, од кои за првпат гласаат 132.788 лица. Според Министерството за внатрешни работи списокот на избирачи го сочинуваат 51% мажи и 49 % жени.
Од 61 општини, во 35 од нив има само по еден кандидат на трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот