Запленети 250 килограми хашиш кои од Албанија требало да бидат прошверцувани во Црна Гора

Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

На граничниот премин Хан Хоти – Муриќан, на албанско – црногорската граница, приведен е возач на камион со црногорски сообраќајни ознаки откако при контрола на возилото е откриена голема количина дрога.

„Камионот не запрел на царина туку на терминал и по контролата откриени биле 250 килограм хашиш. Се дознава дека дрогата била откриена со скенер“, наведува Топ чанел.

Според телевизијата возилото по влезот на албанска територија, продолжило до градот Фиер, каде било натоварено со овошје и зеленчук, кои требало да ги транспортира во Црна Гора.

Истрагата треба да утврди дали возилото запрело некаде по пат и каде е натоварена дрогата.

По еден подолг период ова е поголема количина на дрога запленета од страна албанската полиција на нејзина територија. Затоа пак поголеми количини марихуана и хашиш, произведени во Албанија, се запленети во други земји, меѓу кои и во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот