Западните соседи најавуваат масовна вакцинација: Албанија потпиша договор со турска фирма за набавка на кинески вакцини

Фото: EPA-EFE/BRIAN SNYDER / POOL

Албанската Влада потпиша договор со турскиот дистрибутер „Кејмен илач санаји ве тикарет” (Keymen Ilaç Sanayi ve ticaret), преку кој ќе обезбеди вакцини против ковид-19 од кинеско прозводство, пренесе „Топ ченл“ телевизија.

Како што јави ТВ куќата, големо количество на кинески вакцини се очекува деновиве да пристигне во Албанија, иако износот не е познат поради деловна тајна, но се најавува масовна вакцинација на населението.

И министерката за здравство, Огерта Манастирлиу денеска најави пристигнување на голем број на вакцини и започнување масовна вакцинација на населението, откако Парламентот даде зелено светло за набавка на вакцини и од кинеско и руско производство.

– Набрзо почнуваме масовна вакцинација со 10.000 до 15.000 вакцини дневно. На тоа работиме посветено. Очекуваме 60.000 до 80.000 дози преку КОВАКС механизмот, како и од поголемо количество од „Фајзер“. Актот што го изгласа денеска Парламентот го отвора патот за производствените компании и дистрибутерите кои имаат соодветни сертификати да може да ни достават вакцини, со цел да продолжиме со планот за имунизација на населението, најави Манастрлиу.

Во Албанија моментно се користат три вида вакцини, на „Фајзер“, кои први пристигнаа, потоа на „АстраЗенека“ и „Спутник V“, кои вчера пристигна како донација од принцот на Обединетите Арапски Емирати. Во Албанија досега се пристигнати се над 90.000 дози вакцини.

Од 11 јануари кога почна вакцинацијата досега се имунизирани 51.690 лица, главно здравствени работници, постари лица од 80 години, просветни работници и унверзитетски професори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот