Законот за една изборна единица доставен до пратениците – Слободен печат
ВестиМакедонија

Законот за една изборна единица доставен до пратениците

Спикерот Џафери го достави предлог-законот со кој помалите политички партии бараат една изборна единица и отворени листи до народните избраници. Ќе почека договор до наредната координација во Собранието, потоа ќе го стави на првата наредна нова собраниска седница.

Собранискиот спикер Талат Џафери го достави предлог-законот на помалите партии за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи до сите пратничките групи, велат од кабинетот на претседателот.

Собраниски извори потврдуваат за „Слободен печат“ дека законот ќе се носи по скратена постапка. Ваквата процедура, според Собранискиот деловник, предивдува предлог-законот за измена на изборниот законик директно да биде ставен на првата нова наредна седница. Потоа, матичната Комисија за политички систем ќе го разгледа.

Со овој закон помалите политички партии бараат промена од шест изборни единици на една изборна единица и отворени листи, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите.

Со овој закон, според помалите партии, ќе се обезбеди еден подемократски изборен модел, бидејќи тој отвора можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите. Со тоа, гласовите на граѓаните нема да пропаѓаат, туку ќе се преточат во пратеници во парламентот. Ваквиот изборен модел дава можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори, рече неодамна Лиле Поповска од ДОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close