Захарова: Западот залудно прави масовна анти-руска кампања

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Западните земји спроведуваат масовна анти-руска кампања со цел дестабилизација на политичката состојба во земјата, но Москва ќе ги одбие таквите обиди, порача денеска Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

– Кристално е јасно дека се одвиваат провокации кон Русија на високо ниво, со цел на мешање во внатрешната политика на нашата земја и обиди за дестабилизација. Таквите обиди се осудени на пропаст. Верувам дека нашите колеги од Западот го сфаќаат тоа, порача Захарова, пренесува агенцијата ТАСС.

Таа изрази револт поради тоа што идејните творци на кампањата се обидуваат да вклучат тинејџери во своите сплетки и притоа користат малолетници како „човечки штит“.

– Тоа е одвратно. Таквото мешање во внатрешните работи на Русија ќе биде запрено, заклучи Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот