Загрижувачки бројки за Јанша: Анкетите покажаа најмала поддршка од почетокот на манадатот

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Поддршката за словенечката Влада, предводена од премиерот Јанез Јанша, падна на 27,5 проценти, што е најниско ниво од почетокот на нејзиниот мандат во март минатата година, покажува редовната месечна анкета спроведена за комерцијалната телевизија ПОП-ТВ, соопшти агенцијата Медијана.

Августовската анкета покажува дека 63,9 проценти од испитаниците изјавиле дека не ја поддржуваат актуелната влада, додека 8,6 проценти не одговориле.

Иако Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша во моментов би освоила најмногу гласови на евентуални предвремени избори, нејзината поддршка опаѓа. Во моментов, 16,1 проценти од гласачите би гласале за СДС на Јанша, додека минатиот месец 18 проценти ја наведоа оваа партија како  свој избор.

Демохристијанската Нова Словенија (НСИ), која е партнер на Јанша во владеачката коалиција, би добила 5,6 проценти од гласовите, што е повеќе од 4,2 проценти во анкетата во јули, а коалициската Партија на модерниот центар (СМС) само 0,5 проценти, со што би останала под  прагот за влез во парламентот, покажуваат резултатите од анкетата.

Поддршката за опозициските Социјалдемократи (СД), главните политички ривали на Јанша, за еден месец опадна од 11,7 на 11,1 проценти, додека поддршката за партијата Левица (Л) се зголеми од осум на 8,8 проценти.

Листата Маријан Шарец (ЛМŠ), исто така, забележа пад на поддршката, при што пред еден месец за неа би гласале 7,9 проценти, а сега само 5,6 проценти.

Според анкетата на агенцијата Медијана, партијата на Аленка Братушек (САБ) е во пораст, а сега за неа би гласале 4,1 отсто.

Стагнира поддршката за Словенечката национална партија (СНС), која би добила 1,8 проценти, како и пред еден месец, додека 23,3 проценти од гласачите не се одлучуваат за кого ќе гласаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот