Загина возач на мопед кај обиколницата кај Богданци

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил во на регионалниот пат – обиколница Богданци.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара”, помеѓу мопед „баотиан-БТ49″, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) од село Стојаково и патничко возило „форд мондео”, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г. (41) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот