Заев во посета на Турција и средба со Ердоган

Премиерот Зоран Заев на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе отпатува за Истанбул, каде што вечер ќе има работна вечера со претседателот Ердоган.

Како што соопшти владината прес-служба, се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес.

Премиерот Заев на работната вечера со претседателот Ердоган ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот