Заев: Верувам дека на овие избори ќе одиме со една изборна единица!

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Се надевам дека ќе имаме нов изборен закон и нов изборен модел на овие избори. СДСМ и оваа коалиција е за една изборна единица. Тоа е наше изборно ветување. И тоа е обврска кон татковината за еден чекор повеќе кон демократизација на  општеството“, вели Зоран Заев за Слободен печат.

„Ние губиме со тоа како партија, потоа губи и ВМРО ДПМНЕ и потоа верувам не губи никој, туку сите добиваат.  Тоа им дава шанса на помалите партии но и на помалите етнички заедници“ додава Заев.

Според него ова е  исправно зашто сме мултиетничко општество, затоа што е подемократски и затоа што едновремено ја отстранува можноста од нови автократии. И на крај рационализира пари за изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот