Заев со апел до дијаспората: Приклучете се на овој патриотски чин, да креираме поквалитетна политика

Фото: mia.mk
Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, напиша на својот фејсбук профил премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и ги повика сите граѓани од сите краеви на светот да се приклучат кон овој патриотски чин и да допринесат за креирање на поквалитетна политика.
-Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината.
Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се! На тој начин ќе знаеме како да ги подобриме услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на дијаспората за развојот на Северна Македонија и за промоција на земјата во светот. Самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени, напиша премиерот во својата објава.

Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во…

Posted by Zoran Zaev on Friday, March 19, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот