Заев: Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, но потенцијалот на најмалку заразени е токму сега

Тој напомена дека во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање.

Благодарение на информираноста на граѓаните, благодарение на вас медиумските работници, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со коронавирусот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вечерва имаше гостување во Телевизија Телма.

Заев истакна дека ќе мора да живееме вака додека не се измисли вакцината, се јавуваат стручно наречени џепови, но кризата поминува.

-Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, најпрво го гледаме здравјето на граѓаните, да нема никој заболен, па тогаш да се разговара за избори, но во услови кога нашата земја нема Парламент, здравје за граѓаните е и функционален Пармален, затоа час поскоро треба да се оранизираат избори- рече Заев.

Тој напомена дека во текот на летото, на високите температури е незамисливо да се оди со маски на гласање.

-Границите ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат, но не се знае колку ќе се вратат годинава, но постои можност за нови пикови и во летото, есента веќе се отвораат училиштата, ќе доаѓаат новите вирози. Сега е моментот да излеземе да гласаме, затоа што потенцијалот на најмалку заразени е сега- рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот