Заев – Шмид: Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

Хелга Шмид Зоран Заев
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог, било посочено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Хелга Шмид, која денеска и утре е во посета на нашата земја.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата и регионална стабилност и безбедност.

Соговорниците, како што е наведено во соопштението, се согласија дека продолжува заложбата за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и ОБСЕ, како и помошта која земјата ја добива во реализацијата на реформските процеси и во насока на продолжување на демократските процеси и остварувањето на стратешките цели на земјата, како што е полноправното членство во Европската Унија и поттикнување на европскиот развој.

На средбата се разговараше и за подготвителните процеси за идното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година, при што беше подвлечено дека тоа е признание за нашата држава.

Беше истакнато дека мултилатерализмот е одлична платформа каде малите земји можат на дело да го покажат својот капацитет и да одиграат важна улога на меѓународната сцена.

На средбата е поздравен придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која дава поддршка и помага изминативе години да се спроведат реформските процеси.

Беше најавено дека поддршката кон Северна Македонија на демократскиот пат продолжува, во насока на реафирмирање на посветеноста и поддршката за завршување на започнатите успешни реформи, важни за развојот на државата и зачувување на безбедноста и стабилноста на регионот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот