ЗАЕВ СЕ ФАТИ ЗА МЕТЛАТА: Сменети 78 функционери на СДСМ (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев ги сменил сите 78 претседатели на општински организации. Како што изјави премиерот по средбата со стопанствениците во хотел „Хилтон“, тоа било во негова моќ. За другите чекори ќе соопштел во текот на следната недела. За останатите мерки во партијата, како што нагласи, Заев треба да се консултира со партиските одбори.

– Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка – изјави Заев.

Премиерот појасни дека како што ќе ги носат одлуките така ќе ги објавуваат преку медиумите и ќе ги информираат граѓаните. Тој информира дека продолжуваат разговорите со коалицискиот партнер ДУИ и очекува дека и интегративците „ќе се фатат за метлата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот