Заев: По седум илјади денари од домаќинство за лица без работен ангажман

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Помош за пензионерите, лицата со попреченост и бремените жени, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во овие тешки времиња преземаме одговорност да се соочиме со сите економски предизвици, да делуваме одговорно, ефикасно и солидарно, за последиците од оваа криза да бидат што помали. Затоа, до Владата предлагаме економски мерки, за да им помогне на компаниите, на работниците, на бизнисот, на граѓаните, а со тоа и на целокупната македонска економија, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

? 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија
? Се запира Законот за извршување до крајот на јуни
? Одложување на кредитите – априлската рата кредит ќе се плаќа во јули
? Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови
? Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 6 милиони евра
? Нови 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки
? Со уредба со законска сила ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата.
? Помош за медиумските работници и медиумските куќи
? Помош за спортистите и уметниците
? Помош за пензионерите, лицата со попреченост и бремените жени

Само здравје да има! Економијата ќе успее!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот