Заев: Не постои друг датум освен 21 јуни, засега нема најава за друга лидерска средба

Избори ќе има и од тоа нема бегање, не постои друг датум освен 21 јуни, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба кај Пендаровски.

Сепак не одговори, односно рече дека сега нема одговор за тоа дали ќе одат на избори на 21 јуни, ако опозицијата ги бојкотира и за тоа ќе се носи допрва одлука.

Овој негов став, Заев го образложува со тоа што, според него не постои друг правен акт, освен уредбата која ја донесе владата за избори, според која изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојбата. Тој вели дека не постои друга правна алтернатива за избори, а без притоа да бидат прекршени Уставот и законите. Таквите избори, вели Заев, може да ги оспори и еден граѓанин.

Заев рече дека Мицкоски барал гаранција дека до крајот на август и почетокот на септември ќе нема ниту еден заразен и починат. Засега нема договор за избори и најава за друга лидерска средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот