Заев: НАТО ги зацементира нашите граници засекогаш (ВИДЕО)

Никој повеќе не може да ги крчма и раскрчмува нашите граници, го потврдивме нашиот суверенитет, истакна премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Битола.

-Успеавме драги сограѓани, ние сме 30-та членка на најмоќниот сојуз- порача Заев повикувајќи се на членот 5 кој, како што рече, потврдува дека доколку една земја е нападната, тоа е напад на сите 30 членки на алијансата.

Премиерот тврди дека ова е доказ за сигурнуста и безбедноста на македонските граници.

-Го извадивме нашиот имотен лист во катастарот на Обединетите Нации. Ние секаде сме Македонци со македонско знаме и зборуваме македонски јазик, затоа гордо можам да заклучам дека успеавме- додаде премиерот на граѓанската трибина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот