Заев: Македонија почнува преговори за членство во ЕУ

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, порача денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, порача денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Тој додаде дека нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија, според него, треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

-Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот, напиша Заев на фејбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот