Заев: Летово датум за преговори со ЕУ, одиме напред со Пендаровски

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва имаше средба со жители на скопската населба Илинден, пред кои истакна дека во Берлин се сретнал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Макрон и оти ова лето земјава ќе добие датум за преговори со ЕУ.

– Доаѓам од Берлин, по средбите со германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон, имаме големи пријатели во Европа, не само што оваа година ќе бидеме дел од НАТО, туку ова лето нашата земја ќе почне преговори и со ЕУ. Да продолжиме по вистинскиот пат. Да ја дигнеме и гордоста на Илинден, и овде да се слави победата, како во целата земја, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој повика на масовна поддршка на Стево Пендаровски, бидејки, како што рече – доста ни беше од фрустрации, кочници и кризи.

-Доаѓа добро време, донесовме крупни храбри одлуки, ги отворивме перспективите, денес имаме држава загарантирана од цел свет, со признаен македонски народ и македонски јазик од цел свет, на пат сме кон ЕУ и НАТО, тоа значи стабилност, но значи и економски развој. Ни треба претседател кој води заедно и напред. Знам дека ќе го избереме Стево Пендаровски и ќе продолжиме заедно напред, порача  Заев во општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот