Заев ја прими новата американска амбасадорка: Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими во посета новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

Премиерот Заев и посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнз во Македонија и изрази благодарност за одличната работа на претходниот американски амбасадор Џес Бејли и заменик шефот на мисијата, Микаела Швајцер Блум.

Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев како долгорочен интерес на земјата го издвои натамошното интензивирање на билатералната политичка и економска соработка со САД, како и посветеноста на реформската ЕУ агенда за достигнување конкретни резултати во областа на владеењето на правото, антикорупцијата, реформите во безбедноста и јавната администрација.

Премиерот Заев и амбасадорката Брнз се согласија дек Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, фокусиран на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и за заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани  кон мирот во светот.

На средбата е изразена подготвеност за прифаќање на обврските кои произлегуваат од полноправното членство на НАТО до крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година, како што е зголемувањето на БДП од 0,2% годишно на 2% до 2024 година, модернизација на армиските капацитети и зголемување на учеството во заеднички мисии.  Амбасадорката Брнз на средбата  рече дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и посакаат добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, и додаде дека ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да продолжи успешно, економската и политичката соработка меѓу САД и РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот