Задолжително да се тестираат сите хронично болни, предлага ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Архива на „Слободен печат“

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија”, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните., соопштуваат од опозициската партија ВМРО-ДМПНЕ.

-Жители на главниот град предложуваат Владата да организира волонтери коишто почитувајќи ги безбедносните и здравствените прописи би можеле да им помагаат на стари и изнемоштени лица, како и на сите оние на кои им е потребна помош, а не можат да ги напуштат своите домови. Жител на скопската населба Аеродром вели дека предложениот алгоритам на надлежните за одредување на лица за тестирање не дава резултати. Пледлага да се тестираат сите лица со хронични заболувања преку нивните матични лекари- наведуваат оттаму.

Граѓаните ја критикуваат владината уредба, соти во соопштението од партијата, со којашто им се исплатија платите на СЈО, велат дека треба да се изнајде начин тие приноси да се одложат за 6 месеци по завршување на кризата, за да се поштеди буџетот од дополнителни вакви трошења.

-Некои од предлозите се да се сведат на минимум непотребните издатоци од страна на институциите и тоа по основ на патувања како и користење на службени возила, како и да се стопираат веќе отпочнатите постапки за вработување, а дневници за прекувремена работа да се исплаќаат исклучиво само за АРМ , полицијата и здравствените работници. Десетици поплаки од граѓаните, тие се изреволтирани од досегашните мерките на владата и прашуваат како можат некои земји од регионот да наоѓаат финансиски средства и да им помагаат на сите свои граѓани, очигледно оваа влада е многу горделива и не прифаќа туѓи препораки, прашуваат зошто владата до сега не побара помош од големите земји- се вели во соопштението.

Денеска сме сведоци на протести од страна на дуќанџиите, здружените занаетчии и нивниот револт е доказ, наведуваат оттаму, дека сите ветувавања коишто се слушнаа од владата дека ќе помогнат во кризата се попусти, се било лага.

-Ниеден нивен предлог или барање не е прифатен. Власта ги пушти занаетчиите да се снаоѓаат за нивната егзистенција, наместо да ги заштити. Има недостапност на мерките за социјална заштита, истите не стигнуваат до секого, не секој граѓанин на којшто му е потребна социјална помош од МТСП е опфатен со нужна заштита од државата, на работ на егзистенција со 4.600 денари парична помош не се живее, вели жител на Скопје- наведуваат во партиското соопштенеие од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот