Задолжителна вакцинација како услов за влез во САД

Аердром во САД Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги најави првите чекори кон донесување мерка според која сите странски посетители во САД мора да бидат вакцинирани против коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека условот ќе биде дел од постепено административно олеснување на ограничувањата за патување за странски државјани кои доаѓаат во САД, за што не е одредена временска рамка, но сите, со некои ограничени исклучоци, се очекува да треба да се вакцинираат против Ковид-19.

Администрацијата на Бајден ги задржа мерките што строго ја ограничија можноста за влез во Соединетите Американски Држави, како причина наведувајќи го ширењето на Делта варијантата на вирусот.

Според постојните правила, на државјаните кои не се од САД, а кои во претходните 14 дена биле во Кина, во европската Шенген-зона, Велика Британија, Ирска, Бразил, Јужна Африка и Индија, им е забранет влез во земјата.

Сите патници во САД, без оглед на статусот на вакцинација, исто така мора да покажат доказ за негативен тест за Ковид-19, кој не е постар од три дена од моментот на пристигнување во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот