Забрчанец: На левица-десница им пречел #MKWIN!

На левица-десница им пречел #MKWIN! Епа еве уште една тазе победа за македонската енергетска политика, без разлика дали на ботовите од фејкњуз визбите тоа ќе им се допадне или не: „Македонија на врвот по раст на обновливи извори на енергија во регионот!, напиша  националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец  на својот Фејсбук профил откако специјализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз” објави дека државата се наоѓа на трето место по зголемено производството на енергија од обновливи извори.

Северна Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот