За време на пандемијата, половина свет нема пристап до Интернет

фото: илустрација

За време на изолацијата воведена поради пандемијата на коронавирусот, Интернетот беше „прозорец кон светот” за милијарди луѓе, меѓутоа, милијарди други сè уште немаат пристап до Интернет.

Според Обединетите нации, таков е случајот со речиси половина од светската популација – или 46 проценти од луѓето ширум светот, кои за време на пандемијата немале директен пристап до клучни здравствени информации, но и работа, учење од далечина или медицински прегледи на далечина, нарачување храна онлајн, или следење на преносот на верски служби и ритуали, кои се само некои од примерите.

Иако владите ширум светот ветија дека ќе обезбедат пристап до Интернет на сите жители до оваа година, „дигиталниот јаз” останува длабок и ја зголемува нееднаквоста во животот надвор од Интернет, јави Си-Ен-Ен.

Покрај жителите на сиромашните делови на светот, жените, старите лица и оние кои живеат во оддалечени или рурални области имаат помал пристап до Интернет, а за време на пандемија ситуацијата е дополнително комплицирана со затворање канцеларии, училишта или јавни објекти како што се библиотеки и кафулиња.

– Отсекогаш велевме дека околу 3,5 милијарди луѓе немаат врска со Интернет, но знаеме дека сега тој број е уште поголем, изјави Елеонор Сарпонг од Алијансата за достапен Интернет.

Проблеми во оваа област има и во развиените делови на светот. Така на пример повеќе од 40 проценти од американските домаќинства со ниски приходи немаат пристап до широкопојасен интернет, додека во Велика Британија 1,9 милиони домаќинства воопшто немаат пристап до таа мрежа, а десетици милиони немаат постојана интернет врска со неограничен проток на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот