ЗА ВОЛУМЕН НА КОСАТА: Како правилно се користат пената и сувиот шампон?

коса

Девојките со поретка коса која нема многу волумен лесно можат да ја стилизираат со помош на пена за коса.

Бујноста на косата воопшто не е тешко да ја постигнете во својот дом, наместо да одите на фризер.

Најдобар сојузник во тоа ви е пената за коса, со интензитет на зацврснување соодветен на вашата коса. Најважно е само правилното нанесување.

Измиентата коса оставете ја околу половина час завиткана со крпа. Наведнете се нанапред и нанесете пена за коса на околу еден сантиметар од коренот. Иако досега сте знаеле дека пената се нанесува на врвовите, токму нејзиното нанесување во близина на коренот ќе придонесе за повеќе волумен.

Потоа сушете со фен без дифузер, благо одвојувајќи ги прамените од главата. Кога ќе биде сува, попрскајте со шампон за суво миење на косата. Можеби ќе ви бидат потребни неколку обиди додека да успеете да го постигнете саканиот изглед, но апсолутно вреди да се обидете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот